Еден дел од обраќањето на премиерот Зоран Заев на денешниот прием во Владата за ракометарите на двократниот европски шампион Вардар предизвика внимание и различни толкувања.



„Ви честитам за титулата европски шампион, за среќата и радоста која ни ја приредивте, на нас, на граѓаните и на државата. Вие сте шампионите на нашите срца! Докажавте дека преку пријателството, професионалноста, искуството и посветеноста, можете да го направите народот толку среќен! Вие сте гордост на целата наша татковина и на сите граѓани и верувам дека сите ние ќе продолжиме да бидеме мотивација за идните генерации кои доаѓаат“, рече Заев.

Од последната реченица се наметнува прашањето дали можеби претседателот на Владата се поистоветува со спортските херои на Македонија, односно „успехот“ на извршниот орган на власта со Преспански договор и преименувањето на државата го споредува со успехот на вардарци на ракометниот терен, па и едните и другите ќе продолжат да бидат мотивација за генерациите што доаѓаат?!