Заев на отворање на уште еден автопат – во комшии

Македонскиот премиер и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, денеска ќе присуствуваат на свеченото пуштање во употреба на последната делница од автопатот „Арбен Џафери“, кој го поврзува главниот град на Косово со границата на Македонија.



Градежните работи на изградбата на косовскиот дел од автопатот Приштина – Скопје се завршени вчера, а своето присуство на денешната свеченост во близина на граничниот премин Блаце, го потврдија тројцата највисоки косовски челници – претседателот на државата Хашим Тачи, парламентарниот спикер Кадри Весели и премиерот Рамуш Харадинај.

Пред десетина дена премиерот Зоран Заев присуствуваше на свеченоста на завршувањето на работите низ Грделичка клисура на автопатот во Србија, кој е дел од коридорот 10.

Неделава, се очекува да биде пуштен во употреба автопатот Миладиновци-Штип што неколку пати беше одложувано, но не е прецизиран датум и дали же има свечено отворање.