Заев: На Мицкоски му понудив заедничка влада, тој не сакаше (ВИДЕО)

Во интервју за ТВ Тера, премиерот Зоран Заев потврди дека му понудил на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, заедничка влада со цел да го истуркаат процесот за Преспанскиот договор, како и преговорите со ЕУ, ратификацијата со НАТО.



Но премиерот вели дека Христијан Мицкоски лаже дека му биле понудени пет министерства во владата.

На митинг во Битола, Мицкоски рече дека лани во јуни, Заев му понудил министерски места само за да добие поддршка за промена на името:„После 5 часа ми рече, ајде еве ти влези во владата и бирај кои сакаш 5 министерства само прифати го договорот. Ти одговорив мојот образ и достоинство како човек немаат цена“, рече Мицкоски.

На ова, премиерот во интервјуто вели дека не биле понудени министерски места.

„Јас сум кажал јавно. Му понудив заедничка влада. Таму на преговорите, ние не бевме сами, таму беше Али Ахмети, беше Билал Касами од БЕСА кога разговаравме. Реков дека сум спремен да седнеме заедно и да го поддржиме Договорот и да го истуркаме процесот и постапката, фондови, преговори со ЕУ, ратификацијата со НАТО, комплетно заедно.

Не, не сакаше“, рече Заев.