Премиерот Заев денеска на денот на Христовото раѓање беше во манастирот Водоча.
„На Божик, во храмовите се потсетуваме да ги отвориме срцата за да ја примиме радоста од Христовото раѓање која што нѐ исполнува во овие свечени денови. Радоста да им ја посакаме и подадеме и на другите, блиските, најсаканите, и заедно да го преобразиме злото во добро. Христос се роди“, објави премиерот Зоран Заев на својот ФБ профил.





