Премиерот Зоран Заев со свое видување на двегодишнината од настаните во Собрание како увертира на преземањето на власта од неговата партија.
„Денешниот датум 27 април е аларм кон што водат политиките на поделби и политиките на водење сметка само за личните интереси. На овој ден си ја спасивме земјата од злите намери на алчноста за власт. Ја одбранивме демократијата и застанавме на патот на автократијата“, изјави Заев за упадот во Собрание пред две години по прекршувањето на уставните, законските и деловничките одредби при „изборот“ на Талат Џафери за нов собраниски спикер и пеењето на албанската химна од говорницата.
Претседателот на северномакедонската влада е задоволен од изречените вкупно 211 години години казни затвор.
„За мене како граѓанин е важно правниот систем да ја исполни својата мисија. Главно е вакво нешто да не се повтори никогаш повеќе. Казните, според мене, се соодветни за да не се повтори повеќе. Да не му падне на памет на никој друг во државата да повтори вакви настани, кои што сите се трудиме да ги заборавиме“, порача тој, повикувајќи на помирување.
„Малку сме, една шака народ ни е Македонија, малку народ и верувам дека и простувањето, еве и пред овие големи празници уште еднаш да го споменеме, заради тоа што нема крај, ако еден на друг само лошо мислиме, лошо правиме. Но, секако, тоа се случи преку едно разграничување на насилството и организацијата на немилиот настан на 27 април, со сето она што било стихија, водено или граѓански аспект на влегување во Парламентот“, изјави Заев.




