Премиерот бара да се објави извештајот од МВР за пожарот во тетовската болница кој веќе е испратен до Јавното обвинителство.



„Можам да побарам од МВР, како орган под состав на владата, да го објават, да го соопштат до граѓаните, затоа што поминуваат неделите и навистина треба да се дадат соодветни одговори, прво за граѓаните, а секако и за нас како Влада да ги носиме соодветните одлуки.

Знам дека делот на форензиката, вештачењето кое го направи МВР е доставено до Јавното обвинителство и од тој аспект очекувам во следните денови да се објави од страна на МВР тој извештај, а Јавното обвинителство можат да си продолжат со истрагата, изјави Зоран Заев..

Пожарот во тетовската модуларна болница се случи на 8ми септември неколку минути после 21 часот. Во трагедијата, животот го загубија 12 пациенти и две лица кои во моментот биле во објектот.