Заев му ветил на Груби дека ќе има и Албанци во „Тигрите“!

Првиот вицепремиер Артан Груби откри дека премиерот Зоран Заев му ветил оти во специјалната антитерористичка единица „Тигар“ ќе вработеле и Албанци.



„Мораме заедно да одиме напред. Очекувам истото да се случи од македонските политичари во некој од нашите настани, на Албанците. Заев ми вети дека во редовите на единицата ‘Тигар’ ќе бидат вработени и Албанци, и тоа е добро, покажува дека државата е заедничка на сите што живееме тука“, го објасни Груби за ТВ 21 своето присуство на одбележувањето на 40-годишнината од елитната полициска единица, кога заедно со премиерот Зоран Заев, со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски учествуваше во оддавањето почит на загинатите „Тигри“, но единствен не се поклони пред споменикот.

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците во емисијата „Клик плус“ додаде дека и порано имало Албанци во редовите на „Тигрите“, но се откажале.