Премиерот Зоран Заев ќе може да смета на гласовите на Алијансата на Албанците во гласањето на финалната фаза за измени на Уставот, откако прифатил дел од нивните барања на попладневната средба.



Алијансата ќе ги поддржи уставните измени, откако било договорено во преамбулата да се избрише зборот „граѓани кои живеат во границите“ и се набројуваат сите заедници, пренесува Максфакс.