„Да не беше Бојко Борисов и неговата влада ние можевме само да сонуваме денеска да зборуваме за прва меѓувладина конференција со ЕУ“, порача македонскиот премиер Зоран Заев на денешниот состанок со експремиерот на Бугарија во седиштето на неговата партија ГЕРБ во Софија.



Заев, придружуван од вицепремиерот Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска е во еднодневна посета на Софија во рамките на која, освен со Борисов, се среќава и со претседателот Румен Радев и со премиерот Стефан Јанев.

Обраќајќи му се на Борисов со „брату мој“, Заев на поранешниот премиер му подари и кутија американски пури со зборовите „за шампионите – шампионски пури“, а потоа му се заблагодаруваше за неговиот ангажман, кој, според македонскиот премиер повторно се вратило вниманието на ЕУ кон Западниот Балкан, а не само кон . Македонија, јави Дојче веле.