Во синоќешното гостување на Алсат-М,премиерот Зиоран Заев рече дека нема предрасуди кон ниту една етничка заедница во Македонија и дека е подготвен да земе и двојазичен пасош кој ќе се води на новото име, Република Северна Македонија .
„Можеби ќе бидам првиот Македонец кој ќе земе пасош со новото име Република Северна Македонија. Јас прв реков „Да живее Република Северна Македонија“. Не му е лесно на нашиот народ, но дава надеж и перспектива“, истакна Заев.





