Додека во Скопје, Женева, Њујорк или Софија Македонија и Грција преговараат за промена на македонското име нашинците во Грција се поинтензивно објавуваат видеа од јавно користење на македонскиот јазик во оваа земја.
Во видеото кое што го објавуваме група Македонци од Леринско играат на песната Слушам кај шумат шумите, буките.
За разлика од нивните родители, баби и дедовци кои сеуште се плашат од реакции на државата голем број на млади Македонци од Грција веќе јавно го откриваат својот идентитет иако силната асимилација направила огромни штети на овој план па неретко први братучеди се искажуваат како припадници на различни етнички групи.





