Заев молчи за ветувањето што му го дал на Боки за 100 милиони евра за старечки домови

„Еден ден откако одбраната на Бојан Јовановски откри дека Заев му ветил 100 милиони евра за проектот за изградба на старечки домови, молк од премиерот.



Досега за вакви работи веднаш реагираше пи-ар службата на владата или пак самиот Заев. Но, во овој случај нема никаква рекација, што само покажува дека Боки ја зборува вистината дека за неговиот проект имал силна поддршка од највисоките структури на власта.

Во прилог на тоа оди и одбивањето на судот како материјални докази да биде прифатено УСБ-то на Јовановски во кое име многу важни аудиот материјали, видеа од разговори на првообвинетиот со Заев, Богоев, Кирацовски.Во една од снимките Заев му ветува на Боки дека ќе му даде 100 милиони евра за неговиот проект“- пишува Република.мк.
Линк до целиот текст.