Во едно од своите последни обраќања лидерот на СДСМ се повикува на чесност, доблесност, почитување на кажаното, спроведување на ветеното и тежина на зборот.
По сите негови дадени изјави кои самиот ги демантираше подоцна вистинска храброст е тој да тврди дека човек е голем колку што му тежи зборот сакајќи да каже дека тој е голем затоа што му тежи зборот.
Видеото во кое се поместени само некои од неговите изјави за кои се покажа дека биле ординарни лаги покажува дека неговиот збор воопшто не тежи.
Каков КЛОВН @Zoran_Zaev, неверојатно!
„Човекот е голем и тежи онолку колку што му тежи зборот“ !!!#ЗборотЕЗбор pic.twitter.com/VlgTesDBkz— Фортификација (@Fortiifikacija) June 18, 2020






