Заев, министри и градоначалник на СДСМ во главна улога во новите “бомби”

Гласови и афери за повеќе високи членови на СДСМ се слушаат во новите бомби кои се очекуваат да “експлодираат” во јавноста во следниов период, најавува порталот лидер.мк.



“Поради коректност и неможност да располагаме со истите материјали нашата редакција нема да ги спомене со име и презиме, но ќе се потрудиме работите да станат појасни. Неформално се говори за постоење на аудио разговори кои покажуваат несоодветно и незаконско однесување на најмалку двајца министри на Заев, и разговори на еден директор и висок партиски функционер кој не е на државна функција. Пасивизирањето на дел од партиските структури на СДСМ е последица на тоа што блиски луѓе на Заев калкулирале да не се изгорат преку докази за нелегалното постапување. На ова се надополнува и одбивањето на се повеќе државни функционери да потпишуваат документи во своите институции за да одбегнат можна идна одговорност. Се говори дека постои разговор на еден министер на кој наводно можело да се чуе како договара провизија за еден завршен тендер со странска компанија и како зделката треба да заврши со трансакција во странство. Понатаму, во друг случај истиот тој министер познат по низа скандали и по луксузен недвижен имот нудел “стратешки партнер” за еден познат медиум како начин да го превземат”, објави порталот.

Целата информација на овој ЛИНК