Заев, Мицкоски, Ахмети, го честитаа „Илинден“

„Треба да ги чуваме илинденските идеали од чија вредност како општество во овие мигови силно отстапуваме. ..



Борбата за слобода е константа и таа продолжува. Илинден е нашиот слободарски крик за правдини чија што суштина и цели продолжуваат. Честит Илинден,“ стои во честитката по повод Илинден од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„ Денес живееме во држава втемелена на Крушевскиот манифест и Манифестот на АСНОМ. Идеите и вредностите запишани во овие безвременски документи од нашата историја денеска се наша реалност.

Како одговорни граѓани продолжуваме да се водиме од ликот и делата на илинденците и учесниците во Народно-ослободителната борба и со чест и обврска ги реализираме нивните идеали“ се вели во илинденскатѕа честитка од лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Крушевскиот манифест од 1903 година е обединувачка дефиниција за заедничка држава исто колку и Охридскиот договор во 2001 година.

Наметнатите предрасуди сè уште постојат и денес, и претставува обврска за сите нас да работиме кон нивно отстранување со презентирање и прифаќање на неискривената вистина за сите тековни и историски процеси на нашата заедничка мултиетничка и мултикултурна земја.“, напиша лидерот на ДУИ Али Ахмети по повод празникот на Фејсбук.