Поранешниот премиер Зоран Заев лани месечно во просек трошел по 1.600 евра само во ресторанот во владата. Податоците кои се јавно достапни на „Алатката за отчетност на носителите на јавни функции“ покажуваат дека Заев бил вториот најголем трошач во владата и за 11 месеци потрошил 17 755 евра.
Интересно е дека 66% е трошоците се направени токму во угостителските објекти кои се дел од државните институции. Втора најголема ставка на поранешниот премиер е подароци за службени лица од странство, каде потрошил нешто повеќе од 7 000 евра.
Премиерот, неговите заменици и министрите за 11 месеци лани потрошиле речиси 200.000 евра за авионски карти, хотели, ресторани, дневници…





