Премиерот Зоран Заев во рамките на Меѓународната безбедносна конференција во Минхен изјави дека немало руска вмешаност во менувањето на името на македонската држава.
„Република Северна Македонија сака да ја зголеми соработката со Русија, но членствата во НАТО и во Европска унија се важни. Полагаме на безбедноста, учествуваме во воени мисии, ние сме мултиетничка држава! Да, нашата пријателска земја Русија не беше многу среќна, но не поради или Грција, туку поради проширувањето на НАТО! Македонија нема доволно камења за да ја нападне Русија! Македонија е мирна држава!“, рече Заев во дискусијата.




