Премиерот Зоран Заев денеска упати покана до лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса, Христијан Мицковски Али Ахмети и Зијадин села за одржување на лидерска средба в петок.
Новиот изборен закон, Законот за обвинителство и Законот за поопис се темите за кои ќе се разговара, најави премиерот.
На новинарско прашање дали е подготвен да распише предвремени избори, Заев рече дека ставот на неговата партија е да се овди на редовни избори, а сега е време, како што рече, да ѝ се даде шанса на економијата.
За односите со ДУИ, Заев рече дека се одлични.




