На вечерашниот натпревар Македонија-Австрија, на трибините на „Националната арена“ во романскиот главен град ќе има нешто повеќе од 2.000 македонски навивачи, а меѓу нив ќе биде и македонскиот премиер Зоран Заев, дознава Спорт1.мк.
Тој ги испрати фудбалерите во Букурешт минатиот вторник на скопскиот аеродром и тоа токму пред полетувањето, откако ФФМ претходно не му дозволи прием.
Во Букурешт има голем број навивачи иако само малкумина од нив ќе успеат да навиваат од трибините.







