Премиерот смета дека Пендаровски нема право кога вели дека го следеле. За Заев кандидатот за претседател само го сликале за да докажат каков автомобил има.
“Претседателскиот кандидат е безбеден. Во Македонија тајни служби нема”, вели Заев..
Но Заев не е уверлив за исплашениот Пендаровски кој потврдува дека случајот го пријавил во МВР и дека очекува полицијата да си ја заврши работата.
Наспроти двете фотографии за кои зборува Спасовски а кои се појавиле на Твитер Пендаровски вели дека причина за неговиот страв се изјавите на Оливер Спасовски кој му беше еден од најсериозни противкандидати во внатрепартиската трка за нов шеф на државата
Пендаровски пред 3 дена во ТВ интервју обвини дека е следен од тајни служби блиски до опозицијата.




