Различни ставови на премиерот Заев и министерот за внатрешни работи за луѓето кои што имале контакти со инволвираните во случајот “Пасоши за мафија”.
Додека Спасовски обвинува дека лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски ја саботирал акцијата за фалсификуваните пасоши кои МВР ги издавала на криминалци, премиерот Заец со спротивна теза.
Зборувајќи за неговите коалициски партнери кои имале контакти со еден од тие што добиле лажни пасоши Заев вели дека тие не се виновни затоа што не знаеле дека имаат работа за криминалец.
Со тоа несакајќи Заев го ослободува од вина и Мицкоски затоа што ако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ воопшто имал контакт со некој од фалсификаторите и тој не знаел дека се работи за лице инволвирани во криминал.
Спасовски со образложение дека не смее да открива детали од истрагата одбива да одговори на низа спорни прашања за скандалот но во јавноста излезе со информација дека Мицкоски имал контакти со еден од фалсификаторите што исто така треба да е дел од истрагата.
▶️ Мицкоски имал соработка и контакт со еден од приведените фалсификатори.
▶️ Внатре во МВР кругот сега е затворен, ќе има проширување на истрагата.
🎥 https://t.co/ARiTBJ2Fm3 pic.twitter.com/tjHGWgBIke
— Oliver Spasovski (@o_spasovski) April 7, 2021
Три дена откако министерот побара Обвинителството да го гони Мицкоски за саботажа МВР нема поднесено кривична пријава за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа укажува на можно спречување на истрага ако има докази за криминал кај Мицкоски или на манипулација на Спасовски кој поради политички причини обвинува без никакви докази.





