Заев конечно рече Република Македонија и пак наиде на осуда

По цела вечност премиерот Зоран Заев се осмели да каже Република Македонија, но исказот и контекстот во кој го употреби официјалното име на државата до 12 февруари годинава предизвика осуда на Твитер.



„Република Северна Македонија ја стекна својата независност како Република Македонија на 8 септември 1991, што беше резултат на одговорноста и посветеноста на генерации граѓани кои се бореа за слобода и сувереност. Нивниот ангажман е инспирација за нас денес и за идните генерации“, твитна претседателот на Владата.

„Мала корекција. Република Северна Македонија ја укина Република Македонија, која ја стекна својата независност на 8 септември 1991, а беше создадена со АСНОМ. Сега Република Северна Македонија се труди да ги узурпира празникот и историјата на Република Македонија“, е првиот одговор на твитот на Заев.

„Првата реченица ти е сосема нелогична, забегана, предавничка и богами глупава. Да живее Република Македонија!! Долу твојата гнасна, вештачка творба Северџанија!!!“, уште подиректна е втората реакција.