Шилегов има изградено висок рејтинг и тој е фаворит на СДСМ за кандидат за градоначалник на Скопје и на следните локални избор, изјави денеска премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.



„Убеден сум дека како и мене, така и нему, така и на заменичката претседателка Лукаревска и другите членови на раководството на СДСМ многу ни е важно граѓаните што мислат и како тие ги поставуваат работите. Локалните избори се избори на личности. Партиите се важни, се влијателни и се избори на личности.

Шилегов е еден од нашите фаворити – вели Заев – јас тоа го кажав пред неколку месеци овде во Скопје. Но, истовремено е добра спојка помеѓу сите коалициони партнери заради неговата соработка. Секој од партиите ќе си каже, ќе се изјасни.

заев вчера негуираше дека владејачките СДСМ и ДУИ ќе одат со заеднички кандидат Албанец за прв човек на Скопје.