„До крајот на годината планирам да свикам лидерска средба, секако доколку претходно претседателот на државата тоа не го направи“ најави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање.
„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, го повика претседателот на државата да свика лидерска средба. Не сум во тек што се случува, но доколку не се свика таква лидерска срадба јас би го контактирал претседателот на државата за една таква намера, доколку не, јас до крајот на годината планирам да свикам една лидерска средба и заради евроинтеграциите и заради справување со ковид кризата“, рече Заев.
Заев денеска даваше отчет по првите 100 дена на владата: Тој рече дека ветото од Бугарија не е по нашпа вина, најави дека ќе ја донесе Ецропа дома, а рече дека најголем предизвик е ковид-кризата.
„Штетата со бугарското вето е направена, но веруваме дека нема да има застој на нашиот пат, а Северна Македонија ќе продолжи да ги гради европските вредности дома. Ќе ги продолжиме и преговорите со Бугарија. Европа ја носиме дома. Ќе ја придвижиме земјата и кон ЕУ и ќе продолжиме со реформите со силен интензитет. Наша обврска е да ги проведуваме европските стандарди дома и за нас нема друга алтернатива и нема откажување. Продолуваме како и во првите 100 дена за обезбедување на сигурност” – рече Заев.






