Пратеникот Антонио Милошоски навестува дека премиерот Зоран Заев ќе се откаже од намерата да го води и Министерство за финансии.
„Реконструкција на Владата: има информации дека @Zoran_Zaev сфатил дека неговата мегаломанска желба да биде и премиер, и министер за финансии, е спротивна на Законот за борба против корупцијата; се очекува наскоро премиерот Зоран да го повлече предлогот за избор на министерот Заев“, напиша Милошоски на Твитер.





