Заев ќе се обрати на нацијата точно на пладне

Премиерот Зоран Заев денеска ќе има прво обраќање кон јавноста откако, по дводневниот самит на Европската унија во Брисел, Македонија остана без датум за почнување на преговори со ЕУ.



Вчера, премиерот и лидр на СДСМ имал консултации во седиштето на на, но и со коалицискиот партнер ДУИ, на кои, како што се дознава добил поддршка.

Обраќање до нацијата вчера имаше и претседателот Стево Пендаровски кој за утре свика лидерска средба во Вила Водно.

Министрите Никола Димитров и Бујар Османи вчера преку социјалните мрежи соопштија ЕУ нема алтернатива.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и првите луе на Алијансата на Албанците и на Движењето Беса, Зијадин Села и Билал Касами, побараа оставка од владиниот кабинет и распишување на предвремени избори.