Премиерот Зоран Заев ќе присуствува на Свечената академијавечерва во Народниот театар во Сараево, а на којашто е најавено дека ќе му биде доделена меѓународната награда „Иса Бег Исаковиќ“.
Тој во Сараево ќе патува во придржба на потпретседателот на Собранието, Зекир Рамчиловиќ, претседателот на МАНУ, Таки Фити, пратеникот во Собранието, Ферид Мухиќ и заменикот министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Неџад Мехмедовиќ.





