Заев ќе го тужи за клевета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ!

„Не постои земја во Европа, не постои ни во Америка ваков случај, премиер да тужи за клевета потпретседател на опозициска партија“, рече на денешната прес-конференција Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.



Николовски информираше дека премиерот Зоран Заев му испратил писмо во кое му најавува тужба за клевета за изјава дадена на новинарско прашање, а поврзана со случајот „Рекет“.

Николовски рече дека неговбата изјава била политички став, а работата на политичарите е да кажуваат свои мислења, сомнежи ставови.Според него, ова е класичен обид за притисок и замолчување на опозцијата.

Николоски, кој имаше тужба за клевета и од братот на Зоран Заев, Вице, најави дека од наредната недела заканата од Заев ќе ја интернационлаизира, ќе ги запознае дипломатските мисии во земјата и за тоа ќе зборува во Европскиот парламент.

Извор: Пресинг