Заев ќе го разгледа предлогот на Мицкоски за судбината на СЈО

Премиерот најави дека викендов ќе го разгледува предлогот за судбината на СЈО што денеска го предложи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, истакнувајќи дека с’е е вредно за размислување.



„Ние сакаме да го осигураме обвинителниот систем на Република С. Македонија заради тоа што огромен дел од тоа е нашето правосудство со што ќе го осигураме и нашето идно членство во Европската унија преку октомврискиот самит“, рече Заев.

Тој забележа дека сите предлози ќе бидат ставени на маса со цел навремено да се донесе консензуално законско решение за судбината на СЈО. „Важно е да се обезбеди иднина на предметите и на СЈО, да не се влијае од страна на политичарите на правниот систем“, рече премиерот како што пренее „Велер“..

На прес конференција денеска Мицкоски побара детална истрага специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за случајот „Рекет“, но и за директна или индиректна поврзаност на останатите обвинители и за псевдонимите за кои, како што наведе, јавноста има сознанија дека се дел од врхушката на СДСМ .

јанева минатгиот понеделник најави дека ќе поднесе оставка, но таа се уште не ја доставила до Советот за јавни обвинители кои треба да ја верификуваат.