Попишувачите ќе бидат во приоритетните групи за имунизирање откако претпладне на 28 март во Скопје ќе пристигне првата пратка од 24.000 вакцини на АстраЗенека преку Ковакс системот, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.
Со тоа, според неко, ќе биде исполнето барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а попишувачите ќе влезат во првата категорија на граѓани кои ќе се вакцинираат со дозите кои треба да се примат само еднаш, пренесе Фактор.
Премиерот вели дека информацијата за пористигнувањето на вакцините АстраЗенека ја добиле пред неколку дена.
„Информацијата ја знаевме два -три дена пред да објавиме, тоа е првиот чекор на масовната имунизација, се прима една доза, овие денови и другите количини ќе пристигнат по други механизми за рамноправно покривање на теренот“ – рече Заев.







