Владата ќе го прифати предлогот на вицепремиерот Љупчо Николовски и ќе побара од Управниот одбор Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да ја разреши директорката Лидија Димова.
„Предлог е доставен од потпретеседателот на Владата, ќе дадеме сугестии до Управниот одбор да постапи. Има етички дел и мора да се понесе одговорност. За другиот дел за кривична одговорност ние не сме надлежни и не би навлегувал“, рече Заев.






