Заев како Баба Ванѓа – твитна за изборите на 15 јули како веќе да се случиле

Можеби неговата заменичка во СДСМ, вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, како што вели самата, не е Баба Ванѓа, па да го знае датумот за почеток на преговори со Европската унија, но лидерот на владејачката партија и експремиер Зоран Заев со објава на Твитер пројави јасновидни афинитети.



Како да е пред времето и веќе се случиле парламентарните избори закажани за 22 дена од сега, а тој го видел епилогот, Заев употреби минато свршено време во првиот дел од твитот, наместо идно.