Заев: Јас се јавив на полицајката од Деве Баир да ги пропушти возилата

„Вистината е дека, да, лично јас се јавив на полициска службеничка, прекрасен глас, Виолета ниту ја знам, заради тоа што овие возила веќе беа влезени на територијата на Република Македонија и чекаа без право да мрднат, не им даваше никој заради тоа што влегле после 22 часот.“



Ова го изјави на денешната прес конференција премиерот Зоран Заев во врска со тврдењата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека тој лично ургирал кај граничарите за да бидат пропуштени неколку автомобили за време на полициски час.

„Значи, нема дилеми полицијата и царината како и сите возила се проверуваат.

Мене ми се обрати граѓанин, знам дека беше од турска националност, наш граѓанин, ниту знам името и презимето, ниту знам кој е, но знам дека имаше дечиња во автомобилот.

Јас сум достапен за сите граѓани, па уште вечерта се консултирав и се распрашав дали имаме таква мерка.

Културно се обратив до службеничката и таа уредно забележала дека премиерот се јавил. Јас немам прекршено ниту една одредба, туку само сакав да им помогнам на луѓето. Јас всушност не се јавив кај полицајците, туку кај нашиот сограѓанин кој побара помош од мене. Тој им соопшти на полицајците дека премиерот ги бара, а тие на почетокот не можеа да поверуваат. Мислам дека секој би го направил тоа, бидејќи се работеше за деца. Чесно постапив, а ако има нешто спорно, институциите слободно нека провера“, објасни Заев.