Заев измисли нова категоризација на извештајот на ЕУ

Иако во номенклатурата на ЕУ нема добар, подобар или најдобар извештај премиерот Заев го прогласи десеттиот извештај на Европската Комисија за досега најпозитивен за Македонија



“Уште еден голем успех на нашата земја за остварување на нашиот стратешки приоритет – членството во #ЕУ.

Го добивме најпозитивниот извештај до сега со чиста препорака на Еврокомисија за почеток на преговорите за членство.

Сработивме и имаме резултат”, гордо вели премиерот Заев иако знае дека во јуни ндма да добие датум за преговори со ЕУ.