Заев: Избори во јуни, а може и подоцна

Изборна кампања во најдобар случај може да почне јуни, но можеби дури и подоцна, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во синоќешното гостивање на Алсат М.



„Кулминацијата на здравствената криза би требала да биде во април, па во мај би се стабилизирале сите пред се психолошки аспекти на кризата, за да може евентуално да се преориентираме кон кампања во јуни или јули„ рече Заев, додавајќи дека сепак засега никој не мисли на избори.

Во емисијата „360 степени“ лидерот на СДСМ вели дека во август избори се невозможн затоа што е празничен период, така што може терминот да се пресели во следниот период, како октомври-ноември.

„Јули е едно од можните сценарија, август обично никогаш не се одржува…, извесни се и септември и октомври, како и редовните термини за изборите, тоа се крајот на ноември и декември, што се исто така соодветна опција“, најави Заев.

Вонредните избори што требаше да се одржат на 12 април се одложени поради коронавирисот, а техничката влада, за која беше предвидено да трае само 100 дена, во моментов функционира со распуштено Собрание.