Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува истрагата да покаже каде е Игор Спасов, кој е осуден за убиството на Мартин Нешковски.
Заев вели дека институциите постапуваат согласно законот.
„Верувам дека истрагата набрзо ќе соопшти што се случува, односно каде е Спасов“, изјави Заев, пренесува Макфакс.
Специјалецот Игор Спасов е осуден на 14 години затворска казна за убиството на Нешкоски што се случи на прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на партламентарните избори во 2011 година. Спасов требаше да се јави во затворот „Идризово“, на 18 октомври.




