Запрашан за коментарот на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, кој рече дека пред 1944 година македонската нација не постоела, премиерот Зоран заев со одговор.



„Во 1943 Македонците не си легнаа како Бугари, а се разбудија во 1944 како Македонци. Ние сме Македонци. Да знаат, овде повредуваат такви ровокации. Секаде во светот секој има право да се определи како што се чувствува. Да бидеме паметни, за заедничката историја да ја гледаме дека не прави големи пријатели“, истакна Заев.

Претходно, за ваквите бугарски тврдења ист коментар имаше и претседателот Стево Пендаровски.