Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на 25. Конгрес на партијата уште еднаш со тврдењето дека македонскиот идентитет е признат од целиот свет, иако токму неговото негирање од Бугарија се заканува со вето за почеток на преговорите со Европската унија до крајот на годинава.
„Во скратен мандат, за помалку од три години постигнавме многу, на речиси сите полиња. По решавање на спорот со Грција во интерес на двете држави, по Договорот со Бугарија, по темелниот демократски и реформски пресврт во земјата, се отворија вратите на евроатлантската перспектива.
Денес сме 30. земја-членка на НАТО, остваривме една од двете стратешки цели. Денес Северна Македонија е еднаква и рамноправна со останатите 29 земји-членки на најсилниот воено-безбедносен сојуз.
Имаме обезбеден и признат македонски национален идентитет од целиот свет. Македонскиот јазик е впишан во нашата лична карта во ОН, имаме држава со имотен лист!“, рече Заев во обраќањето.





