„Сакам да им посакам среќа и успех на Бугарите и на бугарската држава на изборите утре, затоа што важно е секоја држава, така и нашиот источен сосед да има стабилен Парламент и да има стабилна политичка влада“,изјави премиерот Зоран Заев.
Според Заев, при посетата на Бугарија и билатералните разговори на 17 јуни биле адресирани сите важни работи и очекува декември годинава да биде донесена одлука за деблокирање на ЕУ-интеграциите на Македонија од страна на источниот сосед..
„Лично мислам дека ги адресирав сите важни работи на билатералните разговори на 17 јуни при посетата на Бугарија. Остана да се избере бугарскиот парламент и да се избере владата за да имаме надеж дека ќе се донесе одлука. Очекувам декември годинава да биде донесена одлуката, но секако да оставиме процесите да бидат успешни за да може да се израдуваме со позитивна одлука, изјави Заев.







