Можното одлагање на датум за преговори од страна на ЕУ ќе ја стави во опасност владата и може да ги врати националистичките сили на власт, предупредил премиерот Заев, јави дописничката на МИА од Брисел.
Ваква изјава Заев дал пред избрана група новинари во врска со гласањето во германскиот Парламент, од кое во голем дел зависи одредувањето на датумот за преговори од страна на ЕУ.
„Бундестагот мора да испрати порака, ако не донесат одлука на седницата неделава, најверојатно имаат шанса за тоа на крајот на јуни, ако не го сторат тоа, тогаш останува за Советот на ЕУ во октомври, што значи дека Бундестагот би гласал во септември.
И тогаш постои ризик да го изгубиме мнозинството во Собранието, затоа што навистина сѐ дадовме“, рече премиерот Зоран Заев.
Извор: Пресинг.Тв





