Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, кандидатот за градоначалник за Брвеница Мирко Стојановски и советниците предводени од носителката на кандидатската советничка листа, Светлата Стаматовска го презентираа проектот “Најдоброто во Брвеница”.
Заев рече дека продолжуваат инвестициите во комуналната инфраструктура со реконструкција на улиците, локалните и полски патишта, водоводите и канализациите.
„Мирко покажа дека гради општина за сите, во којашто сите имаат еднакви шанси за успех. Со поддршката што ја има од централната власт направи многу, а ќе направи уште повеќе и ќе успее во Најдоброто. Знаете дека Мирко Стојановски работи на Брвеница како општина со европски вредности, сака, знае и може трендовите на развојна економија од централно ниво да ги пренесе и во општина Брвеница – и јас и коалицијата „Најдоброто за мојата општина” му веруваме”, рече претседателот на СДСМ.
Тој подвлече дека во изминатите четири години реконструирани се повеќе локални патишта, меѓу кои патот Милетино – Челопек, собирната улица во с. Челопек, општинскиот пат до с. Трново, општинскиот пат од с. Милетино до с. Блаце, како и капитални проекти како изградба на основно училиште во општина Брвеница, изграден систем за одведување отпадни води за населените места Брвеница и Долно Седларце, изградба на детска градинка со капацитет за 80 деца.




