Денешниот лет на премиерот Зоран Заев со министрите Венко Филипче, Јагода Шахпаска и Благој Бочварски со хеликоптер на МВР, предизвика особен интерес кај медиумите, и лавина коментари на социјалните мрежи.
Премиерот и министрите, за посета на Прилеп искористиче еден од задолжителните месечни летови на хеликоптер на МВР, т.е. за да не оди – празен.
„Летовите со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи на премиeрот Заев и министрите Шахпаска и Филипче на релација Скопје – Прилеп, односно на премиерот Заев и министрите Филипче и Бочварски на повратната релација кон Скопје се во рамки на обврските за задолжително исполнување работни месечни часови кои согласно стандардите важат и за пилотите и за леталата“, одговори МВР на прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК .
Министерството вели дека премиерот и најблиските соработници со денешниот хеликоптерски превоз заштедиле време за другите обврски во Владата.
„Причината за користење на ова превозно средство е поврзана со обврските и агендите на премиерот и министрите и потребата од рационализација на времето, со цел секој од нив на време да ги заврши планираните теренски обврски и на време да може да се врати во Скопје за редовните владини и кабинетски обврски“, одговорија од Владата за Плусинфо.
Не изостанаа реакциите на социјалните мрежи:







