Заев и Мицкоски се тестираат за коронавирус

Откако и двајцата во рок од една недела имале контакт со заболен новинар на интервју, претседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски се тестираат за коронавирус, информираше министерот за здравство Венко Филипче, потенцирајќи дека пристигнати се резултататите за лидерот на опозицијата и истите се негативни.



За Заев се уште не се готови резултатите и се чека да пристигнат од Струмица.

Новинарот е во стабилна здравствена состојба, во моментов е на лекување во болницата „8 Септември“.

Ќе се направи анкета за да се види со колку лица тој контактирал и тие ќе се стават во изолација.