Заев и Мицкоски се караат, Ахмети набљудува, чиј предлог е амнестијата?

За амнестијата кое е едно од главните прашања на лидерските средби и во преговорите меѓу власта и опозицијата најверојатно не лажат ниту премиерот Заев ниту лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Мицкоски.



Според сознанијата на expres.mk од добро упатени извори во албанскиот политички блок предлогот за амнестија како дел од пакетот за излегување од најновата политичка криза не е ниту на Заев ниту на Мицкоски туку на дел од раководството на ДУИ а лично и преку други владинни фактори го предлага лидерот Али Ахмети.

Со тоа стануваат логични обвинувањата на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ и на медиумите блиски до нив.

„ И Заев и Мицкоски не сакаат да се скараат со Ахмети кој утре повторно може да биде централна фигура за составување на владата и наместо директно да откријат за што се работи , тие се обвинуваат меѓусебно во обид да не го предизвикаат гневот на Ахмети“, вели еден од изворите на expres.mk.

Тој тврди дека Ахмети за оваа позиција нема поддршка од телата на партијата затоа што во нив членуваат најголем дел од луѓе кои што не биле дел од ниту едно кривично дело, не се обвинети од СЈО, ниту пак против нив се води истрага.

Предлогот доаѓа од луѓе во врвот на партијата блиски на Ахмети кои што доколку СЈО се ослободи од политички притисок ќе бидат инволвирани во сериозни процеси на корупција и други тешки кривични дела.

Пошироката јавност не знае но овие луѓе се уште имаат сериозно влијание во најголемата партија на Албанците во Македонија, тврдат изворите на expres.mk.