Заев и Филипче во идеолошки судир, еден на запад друг во контра правец

Премиерот Заев и министерот за здравство Филипче уште еднаш покажаа каков хаос и галијаматис постои во македонската влада, овој пат за изворот на вакцините против Ковид19.



Откако ја излажаа јавноста за грчки, бугарски и трети вакцини за кои наводно е уплатен и аванс а српската премиерка откри дека Владата нема регистрација за вакцините на Фајзер, премиерот и министерот открија и идеолошки и геостратешки разлики во владата.

За Заев вакцините во Македонија како една од ретките земји во Европа каде што се уште нема ниту една вакцина, треба да дојдат од западните партнери а за Филипче нема никакви пречки дури да дојдат западните да се набавуваат кинески вакцини.

“Ние сме нова членка на НАТО, генерално се држиме кон западниот свет и вакцините потврдени од тамошните здравствени институции”, изјави Заев пред три дена коментирајќи дека Србија која има набавено од сите вакцини и каде е регионалното седиште на Фајзер, не била ориентирана кон НАТО.

Очигледно без никаква координација вчера Филчипче изјави дека Македонија ќе се обиде набавува вакцини против ковид-19 од Кина.

Со ваквите изјави, лаги и конкретни чекори кои немаат никаква логика и доследност највисоките владини функционери покажуваат дека во владата нема никаква стратегија, план или принципи туку дека се работи по народната “купи ден, продај ден”.

Во очекување на евентуална изјава за набавка на руските вакцини кои владата ги одбила односно воопшто не одговорила на понудата од Руската федерација во земјава нема ниту една вакцина од ниту еден светски производител.

Дали на најавата на министерот за набавка на вакцини од комунистичка Кина има идеологијата на неговиот татко Илија Филипче кој од 1994 до 1997 година во владата на Црвенковски беше министер за здравство од социјалистичката партија засега не може да се претпостави.