Новинарот на Алфа (Емисијата “Заспиј ако можеш” ) Телевизија Горан Момироски вечерва го снимил премиерот Заев во хотел во селото Јанче во општина Ростуше-Маврово.
Момироски заминал да ја провери информацијата дека Заев и министерот за здравство Филипче денеска возеле мотори во мавровско-реканскиот крај и во полицискиот час по 22 часот ноќва заминал да ги провери информациите.
Според неговиот пост на Фејсбук тој го снимил премиерот Заев во неговата хотелска соба но не сака да ги објави снимките затоа што ја почитува приватноста на премиерот.
Но од друга страна новинарот поставува повеќе прашања кои што се поврзани со морал, чест, совест па дури и безбедноста на премиерот.
“Не можев да поверувам и отидов лично да се уверам. По 22 часот со уредна дозвола за движење во полициски час лично се уверив дека премиерот Заев ноќва е во прекрасен хотел во Јанче.
Не ги објавувам снимките затоа што се од неговата соба во хотелот и затоа што имам достоинство.
А како може да вози мотори и да оди по хотели додека народот му умира и се мачи да добие за легло во ковид центрите тоа нека си го одговори пред Бога ако утре појде во Св. Јован Бигорски да запали свеќа за здравје.
Посебна приказна е колку е лежерен да седи без завеси во собата додека низ светов шетаат 215 криминалци што неговата влада наводно ги пријавила во Интерпол а ДЕА му апси шефови на полиција и возачи на негови најблиски роднини и бизнис партнери.
Жалам ако им го расипав прекрасниот викенд на премиерот и неговиот министер за здравство кои вечерва додека стотици луѓе се борат за воздух пијат убаво вино покрај Радика.
Не е само Радика таа што нема да им заборави…”, пишува Момироски објавувајќи дел од видео снимено близу хотелот во кој вечерва престојуваат премиерот и министерот за здравство.
Линк до постот на Момироски
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10225659262331157&id=1317270620





