Поранешните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас се одликувани со престижната Мировна награда на Вестфалија за оваа година, са нивната дипломатска умешност во решавање на спорот за името на земјата со преспанскиот договор.
Меѓународното жири во образложението на наградата истакнува дека двајцата одликувани постигнаа спогодба за деценискиот спор со „врвна дипломатска вештина“, изјави вчера претседателот на Економското здружение на Вестфалија и Липе, Рајнхард Цинкан кој изнесе мислење дека без поранешните премиери Заев и Ципрас „спорот околу името уште долго немаше да има крај и кавгата меѓу соседите и натаму ќе го дестабилизираше целиот балкански регион“, пренесе „Дојче веле“.





