Заев и Борисов си разменија благодарници

„Ние секогаш сме подготвени да им помогнеме на нашите најблиски соседи и пријатели. Ова му го кажав на премиерот Зоран Заев, кој ни се заблагодари за нашата подготвеност да им помогнеме обезбедувајќи вакцини против КОВИД-19“, напиша на фејасбук бугарски премиер Бојко Борисов откако доби благодарност од македонскиот колега Зоран Заев за подготвеноста на Бугарија да пренасочи дел од вакцините за Македонија што ќе ги добие по договор со производителите.



„Ситуацијата е навистина тешка и ние мора да се поддржуваме едни со други и да бидеме солидарни. Секој живот е важен и ние ќе вложиме максимални напори да го зачуваме“ порача Борисов на ФБ.