Премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети кон крајот на идната недела, ќе треба да се договорат кој од вицепремиерите и министрите од сегашниот владин состав заминуваат од функциите.
Според сознанијата на „Плусинфо“, не е познато колкумина ќе бидат сменети и дали ќе има евентуални рокади на ресорите помеѓу владините партнери.
Освен со Ахмети, Заев ќе има уште една средба и со претседателот на Алтернатива Африм Гаши за да се прецизира наследникот на Асаф Адеми во министерското столче за Kултура, дознава „Плусинфо“.
Премиерот веќе најави дека освен министри, заменици министри, државни секретари и директори, проветрување ќе има и на локално ниво, но и во партиското раководство.
Реконструкцијата на Владата најверојатно ќе биде во почетокот на јуни, кога треба да почне да функционира новото Министерство за политички систем., проценува „Плусинфо“.





