Старо-новиот премиер Зоран Заев одговори на пораката од лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски дека граѓаните ќе ја урнат неговата влада со протести пред истекот на нејзиниот мандат.
„Може секој во слобода и демократија да планира, прави сето тоа што мисли. Навистина е слобода и демократија во нашата земја. Но, дефинитивно, знам дека граѓаните ќе излезат максимално на улиците, ако треба, да дадат поддршка на успесите кои што ги имаме“, изјави Заев по приемот кај претседателот Стево Пендаровски.
Изјавата е по 1:38 минути под почетокот на видеото:





